ИНЕКС ДООЕЛ е туристичка агенција со А лиценца, одобрена од Министерство за Економија на Република Македонија како и член на ИАТА (Интернационална Асоцијација за Авиотранспорт). Агенцијата е со долгогодишно искуство и со висока репутација во туризмот. Инекс е партнер на Austrian Airlines, како и генерален застапник на Lufthansa, како и на TUI Германскиот tour оператор во Македонија. Располага со високо едуциран и стручен кадар, одлична техничка поддршка и прекрасно уреден деловен простор .
ИСТОРИЈА
Инекс на овие простори постои веќе четириесетина години. Основан е како деловница на еден од најголемите tour оператори во бившите југословенски простори ИНЕКС ТУРИСТ. Агенцијата од основањето успешно работи во областа на туризам и авиопревоз.
Поважни моменти во развојот на фирмата:
- Како резултат на долгогодишното успешно работење и бонитетот на пазарот, 1996 година Инекс ја добива довербата на Австрискиот национален авиопревозник Austrian Airlines.
- Во 2000, Инекс ја стекнува довербата и на германската авиокомпанија Lufthansa со која се потврдува професионалноста во областа на обезбедување на квалитетен авио превоз.
- Во 2005 Инекс станува агент на најголемиот германски tour оператор - TUI во Македонија, со што се проширува развојот на фирмата и во друга сродна област, односно обезбедување на туристички аранжмани.
ДЕЈНОСТ
Соработката на Инекс со трите светски познати компании многу кажува за природата на дејноста со која се занимава, како и за нивото на професионалност со кое ги извршува задачите.
Авиопревоз:
- Врши брзо, ефикасно и професионално букирање на летови.
- Информира, резервира и советува за сé што е поврзано со летовите.
- Информира за најдобриот начин на патување.
- Промоции на најдобри понуди.
- Нуди специјални понуди.
- Информира и асистира во програмата за собирање милји за прелетаните летови.
Туризам:
- Понуди на туристички аранжмани во Македонија, како и на сите светски дестинации
- Резервации во хотели и сместување во Македонија, но и секаде во светот
- Патничко осигурување.
- Трансфери
- Rent a car услуги
- Резервации на билети за познати настани
ВРАБОТЕНИ
Вработените во Инекс се одликуваат со високо ниво на професионализам и постојано надградување на нивните знаења. Покрај стекнатото високо образование нашите вработени постојано се стекнуваат со нови знаења во школските центри на авио компаниите и tour операторите. Карактеристиките на вработените се незаобиколни при самиот контакт со нив. Нивната професионалност во услужната дејност се забележува во сите аспекти на нивното работење. Самата соработка со светски брендови придонесува културата на работење на Инекс да се одржува постојано на високо ниво, а квалитеот на сработеното да се мери со светски стандарди.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
Инекс работејќи професионално и успешно во областа на туризмот, се труди да ги донесе услужните дејности во Македонија на едно повисоко ниво. Издвојуваќи се меѓу многуте слични туристички агенции Инекс го карактеризираат ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, ОДРЖЛИВ КВАЛИТЕТ НА УСЛУГА, ПРЕЦИЗНОСТ, НАВРЕМЕНОСТ, УПОРНОСТ и ЕЛЕГАНЦИЈА. Мотивите кои го водат Инекс напред се уште поголем успех, доминација на квалитетот на пазарот на услуги, како и се поголем развој на оваа област и нејзините можности. Визијата води само напред кон нови победи во професионалноста и квалитетот. |